Полска објави дека нема да игра против Русија во баражите за СП 2022!

202

Полска и официјално објави дека нема да игра против Русија во бараж натпреварот за Светското првенство во Катар. Полјаците треба да се соочат со „Зборнаја“ во полуфиналето на плеј-оф дуелите, а победникот од мечот ќе игра во директна пресметка за Катар против Чешка или Шведска. Првично, натпреварите требаше да се играат во Русија, но сите три селекции категорично одбија.

Сега претседателот на полскиот фудбалски сојуз, Чезари Кулеша, на Твитер напиша: „Без понатамошно одложување, време е за акција. Поради ескалацијата на агресијата од страна на Руската Федерација во Украина, репрезентацијата на Полска нема намера да игра во плеј-оф натпреварот против Русија. Ова е вистинската одлука. Ние сме во разговори со Шведска и Чешка за заеднички став со ФИФА“.

Големата ѕвезда на Полска, Роберт Левандовски, му даде поддршка на Кулеша.

„Ова е вистинската одлука! Не можам да замислам да се натпреварувам со Русија во оваа ситуација, додека нивната агресија против Украина продолжува. Руските фудбалери и навивачи не се одговорни за ова, но не можеме да се преправаме дека ништо не се случува“, напиша напаѓачот на Баерн Минхен.

ПретходноБајиќ и натаму „позитивен“, Димитријевиќ и Магдевски во строј (ФОТО)
СледноХаланд избира меѓу три тима, открива Спорт