Денеска ќе одиграат останатите средби од последното 22. коло во Супер-лигата. Истото ќе даде одговор на прашањето кој тим колку бода ќе пренесе во следната фаза, поточно во плеј-офот и плеј-аутот, од кое место ќе стартуваат на табелата.
Прв на теренот ќе истрча, Вардар, кој за противник го има тимот на Струга. Актулениот македонски првак е фаворит на овој дуел (12 часот), се очекува без проблем да дојде до бодовите и како првопласиран да се најде во плеј-фот.
На останатите средби ќе се водат интересни битки, Бутел Скопје против Пролет ќе се обиде да го задржи третото место на табелата, на кое атакува и Е.Пелистер 2. Битолчани исто ќе имаат тешка задача, му гостуваат на Охрид. Овие две средби, како и дуелот меѓу Радовиш и Тиквеш се закажани во 18:30 часот.