Реал минимално кај Рајо (ВИДЕО)

133

Карим Бензема го спаси тимот на Реал Мадрид по којзнае кој пат во својата кариера. Го постигна победничкиот гол за „Кралевите“, во триумфот кај Рајо Ваљекано од минимални 0:1, и тоа во 83. минута.

Реал имаше неколку ситуации и пред овој гол но ете домаќинот успеаваше да одолее. Сепак, Бензема уште еднаш покажа дека е број еден напаѓачот на Мадрид, и покрај фактот што сиве овие години во клубот пристигнаа многу други имиња. Тој беше и остана голгетерот број еден на овој тим.

Мадрид стигна до 18. победа сезонава и 60. бод, додека пак Рајо за кој Столе Димитриевски остана на клупата е дванаесетти со 31. поен на контото.

ПретходноСане за триумф на Баерн (ВИДЕО)
СледноВелковски го доби дербито, Атанасов остана на клупа