Рублев триумфира во Дубаи и го освои 10-тиот АТП трофеј

228

Рускиот тенисер Андреј Рублев е победник на АТП турнирот во Дубаи откако денеска во финалето го совлада Чехот Јири Весели со 6:3 и 6:4. Рублев стигна до 10-тиот трофеј на АТП турнирите, а на овој шампионат остави печат со пораката „да се прекине војната во Украина“ што ја напиша на објективот на камерата по полуфиналната победа.

Ова е втор АТП трофеј по ред за Рублев по триумфот во Марсеј пред две недели, а ја осигура деветтата победа по ред.

ПретходноПепи Горгиев: Секоја чест за Шкендија, но А. Пандев има што да покаже на дербито!
СледноКејн-Сон најдобар тандем во историјата на Премиер лигата