УЕФА бара начин како да го „откачи“ Гаспром

208

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) размислува да го раскине спонзорскиот договор со Гаспром поради тешкиот конфликт меѓу Русија и Украина. УЕФА преку своите адвокати бара чекори кои треба да се преземат за да го направат тоа на најисплатлив начин и со најмалку загуби.

Енергетската компанија е еден од водечките спонзори на УЕФА и на Лигата на шампионите особено од 2012 година. Минатиот мај, компанијата од Москва потпиша нов 3-годишен договор со УЕФА вреден 40 милиони евра годишно.

Откако руските трупи започнаа офанзива на украинска територија во раните утрински часови на 24 февруари, започна верижна реакција. Еден од најпопуларните германски клубови Шалке 04 го раскина договорот со Гаспром чие име и лого стоеја на дресовите на играчите.

Во меѓувреме, УЕФА и го одзеде на Русија финалето од Лигата на шампионите кое требаше да се одржи во Санкт Петербург и го пресели на стадионот „Стад де Франс“ во Париз.

ПретходноЛедецка победи на спустот во Кран Монтана
Следно„Црвено-црните“ рутински ја решија Струга