ФИБА ги одби: Босанците стравуваат, имаат дојава – нема да патуваат во Литванија!

531

Војната меѓу Украина и Русија направи проблем и во спортот. Дел од украинските спортисти ја напуштаат Русија, дел не играат бидејќи не се психички подготвени, дел од клубовите од двете земји мора да бараат решение за неутрален терен, а дел од земјите кои треба да патуваат близу до овие држави го откажаа патувањето.

Една од нив е Босна и Херцеговина. Тамошната федерација побарала од ФИБА да го одложи дуелот со Литванија на гостински терен закажан за 27. овој месец поради безбедносни причини. Иако не добиле позитивен одговор сепак нема да патуваат, ова е ставот на федерацијата.

„Цел ден ја проценувавме ситуацијата и донесовме заклучок, ова не е добар момент за да нашата репрезентација патува во ризични места. Ова е став на федерацијата, стручниот штаб и играчите. Од дипломатски канали добивме информации дека е прогласена вонредна состојба во Литванија, како и државите кои граничат со Русија и Белорија, а кои се вклучени во војна со Украина. Затоа никој не може да не убеди дека не донесовме правилна одлука. Знаеме со какви последици можеме да се соочиме од страна на ФИБА, но нас најважна ни е безбедноста на репрезентацијата“, изјави генералниот секретат, Амер Чолан.

ПретходноХарден со победа дебитираше за Филаделфија (ВИДЕО)
СледноЃорче се “остри“ за Брегалница и Илчо!