Фрајбург ја „спакува“ Херта и се искачи на четвртото место на табелата

67

Уште еден одличен настап на екипата на Фрајбург и уште една победа во Бундес лигата. Денеска во 24.коло Фрајбург ја совлада Херта на домашен терен со 3:0 со што се искачи на четвртото место на табелата со 40 бодови.

Виченцо Грифо од пенал ги доведе „црвено-црните“ во водство, а во второто полувреме погодија уште Шаде и Холер. Херта продолжува да тоне и сега е на 15-тото место со само поен од опасната зона. Всушност може да падне таму доколку Аугзбург слави ова коло.

На другите натпревари Баер Леверкузен со 3:0 ја победи Арминија, Унион го победи Мајнц со 3:1, Гројтер и Келн одиграа 1:1, а Борусија Менхенгладбах одигра 2:2 со Волфсбург. На Менш му беше поништен гол во 92 минута поради фаул во напад. Инаку гостите водеа со 2:0, а Борусија спаси бод.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Претходно„Комити“ и „војводи“ заедно, вардаровите фанови гневни на своите играчи! (ФОТО)
СледноКристоферсен најдобар во Гармиш, а Ледецка во Крањ-Монтана