Харден со победа дебитираше за Филаделфија (ВИДЕО)

112

Џејмс Харден одигра одличен натпревар во дебито за Филаделфија. Неговиот нов тим славеше со 133-102, а Харден запиша дабл-дабл, постигна 27 поени, 12 асистенции и 8 скока. Покрај него одлична партија пружи Ембид, кој беше лидер со 34 поени и 10 скока.

За Филаделфија оа беше 36 победа оваа сезона во НБА-лигата, со скор од уште 23 порази се наоѓа на третото место во Источната конференција зад Чикаго и Мајами.

Интересен натпревар одиграа Вашингтон и Сан Антонио, беше одлучен по две продолженија и паднаа 310 коша. На крајот Спарси славеа со 157-153. Џонсон имаше 32 поени, додека еден помалку постигна Мареј.

Дербито на ЛА мина во знакот на Клиперс, ги совладаа Лејкерс со 102-105.

Резултати: Шарлот – Торонто 125-93, Индијана – Оклахома 125-129 (прод.), Орландо – Хјустон 119-111, Вашингтон – Сан Антонио 153-157 (продл.), Њујорк – Мајами 100-115, Минесота – Филаделфија 102-133, Феникс – Њу Орлеанс 102-117, Јута – Далас 114-109, ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 102-105.

ПретходноПутин го стори невозможното: Обедини навивачки групи кои се мразат од срце (ВИДЕО)
СледноФИБА ги одби: Босанците стравуваат, имаат дојава – нема да патуваат во Литванија!