Грузискиот кошаркар Торнике Шенгелија најави заминување од ЦСКА Москва. Откако јавно ја покажа својата поддршка за Украина, Шенгелија одлучи да го прекине својот ангажман во ЦСКА Москва.
„Токо Шенгелија нема дадено никаква изјава за ниту еден медиум“, рече неговиот агент Никос Варлас, „Тој во моментов е фокусиран на благосостојбата на неговото семејство. Кога ќе се донесе одлука за неговата иднина, тој ќе разговара пред се со ЦСКА Москва“.
30-годишниот Шенгелија претходно ја ажурираше профилната слика на својата официјална Фејсбук страница со знаме на Украина.