„Ѓаволите“ по секоја цена решени да го купат Хари Кејн

143

Манчестер Јунајтед веќе важи за фаворит за потписот на Хари Кејн. Голгетерот на Тотенхем летото беше исклучително блиску до трансфер во Манчестер Сити, но зделката никогаш не се оствари.

Во Англија тврдат дека Пеп Гвардиола дал 4 различни понуди до Тотенхем, но лондончани ја одбиле секоја од нив. Шефот на клубот Даниел Леви сакал најмалку 160 милиони фунти за напаѓачот. Во моментов се верува дека „граѓаните“ веќе имаат друг приоритет за нападот – Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

За да го направи тоа, тимот од Манчестер мора да се бори со Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ. Според „САН“, Кристијано Роналдо многу веројатно ќе го напушти клубот на лето.

ПретходноШенгелија ја напушта ЦСКА (М) поради војната со Украина
СледноЈончевски: Можеме да поправиме доста работи!