Македонија ЃП со 2:1 успеа да ја победи Брегалница попладнево во Ѓорче. Освен првата фаза од мечот, “лавовите“ беа подобри, имаа повеќе шанси, постигнаа два гола и заслужено дојдоа до третиот триумф во третиот пролетен меч. Брегалница сакаше, имаше амбиции за нешто повеќе, но сепак далеку е оваа Брегалница од она што го сакаат штипските фудбалски фанови.
Премногу киксови, немање посебна идеја како треба, заслужен пораз. Само еден бод од можни девет пролетни. Премалку за составот Илчо Ѓорѓиоски.
Првиот дел, посебно во првата фаза мина во знакот на Брегалница. Штипјани инсисираа иа игра, имаше добро комбинации, два додбри удари на Георгиев и Стојанов, но сепак во 36.минута “лавовите“ дојдоа во водство. Ацкоски киксираше, а тоа го искористи Попзлатанов. Следуваше нов кикс на гостите од Штип, а голот за 2:0 беше дело на Стојкоски. Па така со тие 2:0 се замина на пауза.
Во вториот дел Македонија ЃП целосно се отвори, посебно голот на Брегалница во 53.минута на Ѓокиќ за 2:1. Додев беше тој што одлично центрираше, а Ѓокиќ најдобро се снајде меѓу „заспаната“ одбрана на домашните во тие моменти.
Македонија ЃП може да жали, имаше три големи, идеални шанси за 3:1. Прво Алексовски во 53.минута ја погоди стативата, потоа Воша не успеа да релаизира во 75.минута, па Филиповски во 83.минута.
Ова беше првиот меч од 21.коло во ПМФЛ, сите останани се играат утре.