Ѓорче се “остри“ за Брегалница и Илчо!

216

 

Денеска од 14 часот се игра првиот меч од 21.коло во ПМФЛ. Во скопската населба Ѓорче гостува Брегалница, тим кој оваа пролет никако да победи. Штипјани доаѓаат со Илчо Ѓорѓиоски како предводник, тренерот на кој во 2009 година им ја донесе единствената титула на “лавовите“ од Ѓорче.

Но нема да им емоции кај Македонија ЃП.Тоа беше пред 13 години, тоа беа некои други времиња со други луѓе и играчи во клубот. Сега „лавовите“ се предводени од одличниот млад стратег Муарем Бајрами кој во претходните две кола успеа да ги намудри Влатко Костов и Ќатип Османи, исто така шампионски тренери, сега на ред е Илчо Ѓорѓиоски.

Денеска во Ѓорче ќе се води жестока, неизвесна битка. Бодовите им се потребни и на двете екипи.

Можеби мала предност имаат домашните и поради формата,но сепак Брегалница си е Брегалница.

Во домашниот тим поради жолти картони нема да настапи Сефер Емини, додека гостите немаат проблеми со суспендирани играчи.

Вреди да се дојде во Ѓорче и да се види овој меч, за тие што не можат секако дека тука преносот на МРТВ и ТВ Арена Спорт.

ФОТО: FB Makedonija GP

ПретходноФИБА ги одби: Босанците стравуваат, имаат дојава – нема да патуваат во Литванија!
СледноЗабрана за интонирање на химните на Русија и Белорусија, МОК со апел кој го засега и Вардар!