Јувентус победи во Емполи, Влаховиќ даде два гола (видео)

386

Екипата на Јувентус славеше со 3:2 на гостувањето кај Емполи и освои значајни бодови во борбата за титулата во Серија А. „Старата дама“ славеше благодарение на погодокот на Моис Кен за водство, како и двата гола за Душан Влаховиќ. Посебно беше импресивен првиот гол на српскиот напаѓач, кој со финта го исфрли својот чувар и ја затресе мрежата на противникот.
Влаховиќ со 20 гола сега е лидер на листата на стрелци во најсилната италијанска лига.
Јувентус е на четвртото место со 50 бодови, а ја запиша 14-тата победа сезонава. Емполи е на 13-то место.

Јувентус е на четвртото место со 50 бодови, а ја запиша 14-тата победа сезонава. Емполи е на 13-то место.

ПретходноНајдовски и Адеми стрелци во првенството на Албанија (видео)
СледноЗаврши голготата за нашиот репрезентативец, Ѓоко Зајков ја напушти Украина