Најдовски и Адеми стрелци во првенството на Албанија (видео)

306

Македонските фудбалери кои играат во албанското првенство Илирид Адеми и Филип Најдовски стрелаа за своите екипи на денешните натпревари.

Адеми постигна гол во 89. минута во победата на неговиот тим Егнатиа над Кастриоти со 2:1. За Егнатиа играа уште двајца македонски фудбалери Филип Дурански и Бесарт Кривањева.

Филип Најдовски постигна еден гол во победата на Тирана над Лачи со 4:1. Играчот од средниот ред даде гол во 19. минута за водство од 2:0. За Тирана играа уште Кристијан Тошевски и Енур Тотре.

ГОЛОТ НА НАЈДОВСКИ НА ОВОЈ ЛИНК

ПретходноВидео на денот – Зинченко и Микаленко во прегратка пред мечот на „Гудисон“
СледноЈувентус победи во Емполи, Влаховиќ даде два гола (видео)