Полувреме во Ѓорче: Македонија ЃП ја “полни“ Брегалница!

283

Ете, тоа е фудбалот. Брегалница во првиот дел од мечот во Ѓорче беше подобра, посебно до 35.минута,имаше иницијатива, две шанси за гол, но сепак на пауза се замина со водство на Македонија ЃП и тоа од 2:0.

Киксот на Ацкоски и тоа како го искористи Попзлатанов па стрелаше во мрежата на Брегалница во 35 минута. Неколку минути нов кикс на гостите, центаршутот од десната страна успешно го искористи Стојкоски за удвојување на водството од 2:0.

Уште еднаш се виде дека не е битен поседот, лажната иницијатива, туку головите. А Брегалница одново е со киксови, посебно во дефанзивата.

ПретходноНов удар за Путин: И најславниот руски спортист е против војната во Украина!
СледноВасоски со триумф на дебито на клупата на Сараево!