Рускиот тенисер Андреј Рублев е победник на АТП турнирот во Дубаи откако денеска во финалето го совлада Чехот Јири Весели со 6:3 и 6:4. Рублев стигна до 10-тиот трофеј на АТП турнирите, а на овој шампионат остави печат со пораката „да се прекине војната во Украина“ што ја напиша на објективот на камерата по полуфиналната победа.
Ова е втор АТП трофеј по ред за Рублев по триумфот во Марсеј пред две недели, а ја осигура деветтата победа по ред.