„Црвено-црните“ рутински ја решија Струга

109

Ракометарите на Вардар без посебни потешкотии ја запишаа и дваесетатат сезонска победа во домашната Супер лига. Во првиот денешен меч од 22. коло, Вардар на домашен терен ја „прегази“ Струга совладувајќи ја со 35:22.

Победата беше заверена уште во првите 30 минути кои Вардар ги доби со убедливи 20:8. Во продолжението, практично и немаше посебна неиззесност.

Седум гола постигна Тимур Дибиров, додека по пет зад своето име имаа Валчак и Диапло. Кај екипата на Струга седум погодоци нанижа Бајрактаревиќ.

 

ПретходноУЕФА бара начин како да го „откачи“ Гаспром
СледноАњели повторно ја актуелизира „Суперлигата“: Има план за влез и испаѓање од супер-друштвото