Јончевски: Можеме да поправиме доста работи!

151

Во пресрет на утрешниот квалификациски меч за СП во 2023 година меѓу Македонија и Грузија, асистентот на селекторот Драган Бајиќ, Александар Јончевски со коментар за тоа што беше во Грузија на првиот меч, но и за тоа што може да се очекува утре…

При анализата на натпреварот штo го одигравме во Тбилиси, забележавме многу работи кои можеме да ги поправиме. Работевме на моментот да ги запреме нивните најдобри играчи Мекфејден и Шермадини, но не успеавме во тоа и ќе се обидеме тоа да го направиме во Скопје. Имавме најави дека на утрешниот натпревар ќе се вратат неколку важни репрезентативци како Димитријевиќ, Мекиќ, Ѓуроски… но освен Димитријевиќ кој е присутен на тренинзите, се уште не можеме да сметаме на останатите“ вели Јончевски и продолжува дека ќе следат подетални анализи за утрешниот меч со Грузија во Скопје.

Денешните тренинзи ќе ги искористиме за подетална анализа и спроведување на тактичките замисли за тоа што нè очекива во недела. Мислам дека шансите не се загубени, бидејќи со подобра игра од онаа во четвртокот, како и со триумф против Украина во јуни, можеме да се надеваме на пласман во следната фаза од квалификациите“ заврши Јончевски.

Претходно„Ѓаволите“ по секоја цена решени да го купат Хари Кејн
СледноНов удар за Путин: И најславниот руски спортист е против војната во Украина!