Двајца победници на ски скоковите во Лахти

162

Јапонецот Рују Кобајаши и Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд се победници на денешните ски скокови во Лахти, Финска во рамките на Светскиот куп. Ова е ретко видено во ски-скоковите двајца натпреварувачи да освојат исто бодови по две серии и да бидат на првото место.

Двајцата освоија по 278 поени. Зад нив се пласира Стефан Крафт од Австрија со 271.3 поени. Во топ 5 завршија уште Улрих Волгенант од Австрија и Карл Гајгер од Германија.

Во генералниот пласман повторно промена на врвот. Кобајаши го презеде водството со 1322 поени, а втор е Гајгер со 1279 поени.

ПретходноНевидена пенал драма, Ливерпул слави трофеј, Кепа трагичар за Челзи
СледноПОЛУВРЕМЕ: Македонија има негатива против Грузија во Скопје