Димитријевиќ по поразот од Грузија: Погодија важни шутеви во клучните моменти

213

Ненад Димитријевиќ се покажа како лидер во оваа генерација на македонската кошаркарска репрезентација. Во поразот од Грузија (65-79) постигна 25 поени, недоволни за прва победа во оваа фаза од квалификациите за пласман на СП 2023 година.

По завршување на мечот, репрезентативниот плејмејкер не беше распложен за коментари, кратко го анализираше поразот.

„Знаевме дека не чека еден тежок натпревар, одигравме добар меч, но тоа не беше доволно. Грузија е доста добар тим. Тие погодија важни шутеви во клучни моменти, Шермандини и Мекфејден ја направија разликата. 

Околу техничката што ја добив пред крајот на мечот, мислам дека претходно имаше фаул врз мене од Шермандини, но тоа е што е, натпреварот е готов сега и нема што повеќе да се говори за тоа.“, изјави Димитријевиќ.

ПретходноЈончевски: Честитки до момците за борбеноста, ова не е најдобрата Македонија!
СледноЕлмас асистира, Наполи во финишот го совлада Лацио (видео)