Денеска во 14 часот екипата на Струга ТЛ ќе му гостува на Борец, во натпревар од 21.коло во ПМФЛ. Во првите две пролетни кола стружани не успеаја да дојдат до триумф. Веројатно денеска си ја гледаат својата шанса.
“Струга Трим Лум денеска во Велес игра многу важен натпревар. Како и секогаш ние сме максимално подготвени, а нашата цел како и секогаш е победа и освојување на трите бода. Јас верувам во квалитетите на Струга ТЛ, го почитуваме домаќинот, но се надевам дека ќе се вратиме во Струга со трите бода“ изјави Ард Касами, фудбалерот на Струга ТЛ.