И официјално Марсело Биелса не е веќе тренер на Лидс. По катастрофалните резултати на тимот од „Еланд Роуд“, а посебно по вчерашната бламажа на Тотенхем на свој терен, раководството на Лидс денеска објави дека легендарниот Аргентимец не е веќе тренер на нивниот тим.
Место Биелса нов тренер ќе биде Џеси Марш, некогашниот стратег на Лајпциг.