Швајцарската скијачка Приска Нуфер е победник на спустот кој денеска се возеше во Кран Монтана во рамките на Светскиот куп.
До победата таа дојде со време од 1:29,93, а втора беше чешката скијачка Естер Ледецка со 11 стотинки послабо време. Трета на подиумот се искачи Италијанката Софија Гоџа со 23 стотинки заостанување.
Во рангирањето на скијачите во спуст води Италијанката Гоџа со 482 бода, пред Зутер со 407 бодови.
Во генералниот пласман, словачката скијачка Петра Влхова благодарение на денешниот настап, кој го заврши на 16-тото место кое и донесе 15 бодови, дојде на првата позиција која ја дели со Американката Микаела Шифрин.