Александар Петровиќ пред промоција на клупата на МЗТ Скопје

709

Раководството на МЗТ Скопје му врачи отказ на Дарко Радуловиќ, по неуспехот во Купот на Македонија и поразот од ТФТ во финалето. Актуелниот македонски првак во последно време не беше на нивото кое се очекуваше, не само во најмасовното клупско натпреварување, туку и во претходните настапи, па разделбата беше неизбежна.

Според информациите кои ги има СПОРТМЕДИА, Александар Петровиќ ќе биде новиот предводник на тимот од Аеродром.

Петровиќ кој се води како актуелен тренер на тимот на Академија ФМП има искуство како стратег на МЗТ Скопје. Во својата кариера трипати беше дел од овој клуб. Од 2001 до 2004 година, по кратка пауза продолжи до 2007 година. Последен пат МЗТ Скопје го водеше од 2009 до 2011 година.

Петровиќ од 2020 година е тренер на Академија ФМП, успешно ја води во Првата лига.

Наскоро се очекува и негова официјална промоција.

ПретходноПелистер – Ренова се игра утре во Охрид од 14 часот!
СледноПЛЕЈ-ОФ: Вардар и Е.Пелистер ќе ги вкрстат „копјата“ во второто коло