Пред продолжението на сезоната во Првата лига и битката за место во Супер-лигата, Гостивар се засили со играч на плејмејкерската позиција. Станува збор за Кевин Дилард, кој има големо искуство во европските лиги.
Плејмејкерот има настапувано во Турција, Грција, Израел, а доаѓа од унгарски Сопрон. Дилард има просек од 17 поени, 3,3 скокови и 5,3 асистенции по натпревар!
„Најважно е што ќе го имаме на располагање за најважниот натпревар кој ќе го играме престојниот викенд. Уште еднаш ве повикуваме сите гостиварчани на кој КК Гостивар ви е во срце, да ја исполниме салата и заедно да го трасираме патот кон СУПЕРЛИГА“, порачаа од Гостивар.
По 16. одиграни натпревари, Гостивар се наоѓа на третата позиција на табелата со скор од 11 победи и пет порази, има 27 бода, два помалку од МЗТ Скопје, три од Пелистер.