Димитријевиќ: Подготвен сум да помогнам, верувам во победа!

272

Ненад Димитријевиќ е повторно дел од националниот тим. Не ги одигра првите три натпревари од овие квалификации за пласман на Светскиот Куп 2023 година. Но сега е подготвен да му помогне на тимот да дојдеме до првиот успех.

Вечерва, од 20.часот, во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје гостува селекцијата на Грузија.

Новиот играч на шпанската Валенсија одработи неколку тренинзи, прво индивидуални, а потоа, по враќањето на тимот од Тбилиси, и „колективни“, па може да одговори на обврските кои ги носи еден ваков квалификациски натпревар:

„Претходните два-три дена правев третмани, се чувствувам многу подобро и подготвен сум да ѝ помогнам на репрезентацијата на натпреварот со Грузија“.

Нашиот организатор на играта очекува малку поразличне натпревар од оној пред неколку дена во Тбилиси:

„Мислам дека ќе биде различен меч од оној во Тбилиси. Играме дома, еве и јас можам да помогнам и се надевам на тотално поинаков развој на настаните. Сите веруваме во подобар исход, а атмосферата во тимот е најважна во вакви ситуации“.

Добро ги познава квалитетите на водечките играчи на нашиот противник. Но верува дека со добра игра во одбраната можеме да ги сопреме Мек Фејден и Шермадини.

„Познато е дека Мек Фејден и Шермадини, неколку години играат на сериозно високо ниво во шпанската лига. И јасно е дека тие се најсилна страна на грузиската репрезентација. Затоа и ќе се обидеме да ги запреме колку е тоа возможно. Верувам дека можеме“– вели нашиот голем адут на овој меч.

Претходно„Полска не сака да игра со нас? Сите се плашат од Русија, фудбалот не е политика“
СледноСнегот ја завеа Битола: Одложен мечот меѓу Пелистер и Ренова!