Ето најнов член на „Куќата на славните на Интер“

69

Самуел Ето, прославениот напаѓач од Камерун, ќе биде последниот во низата славни фудбалери кој ќе добие свое место во „Куќата на славните на Интер“. Клубот од Милано основа ваков вид на свој сопствен бренд со кој сака да им оддаде почит на сите оние кои оставиле белег во дресот на клубот.

Па така, откако во изминатите месеци со вакво статус се здобија Џанлука Паљука, Марко Матераци и Весли Снајдер сега дојде редот и на Ето.

Ето е четвртиот напаѓач по феноменот Роналдо, Џузепе Меаца и Диего Милито, кои се претходно примени во Куќата на славните. Претседателот на Камерунската фудбалска федерација во моментов, помина само две години на Џузепе Меаца помеѓу 2009 и 2011 година, но сепак останува еден од најголемите миленици на навивачите на Интер, кои гласаа за него да ја добие оваа чест. Како играч на Интер, Ето одигра 102 натпревари, на кои постигна 53 гола и 25 асистенции. Беше дел од тимот на Жозе Мурињо, кој во сезоната 2009/10 постигна историска тројна круна – Скудетото, Купот на Италија и трофејот во Лигата на шампионите, а го освои и Светското клупско првенство, италијанскиот Суперкуп и уште еден Куп на Италија.

ПретходноСевиља владее во сопствениот град (ВИДЕО)
СледноАугзбург извлече бод против Дортмунд