Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ не планира да се пензионира од активното играње на фудбал. Иако има 40 години тој се уште игра во Серија А, но моментално е повреден и се уште нема настап во 2022 година. Милан се бори за „скудетото“ во најсилната италијанска лига, а Ибрахимовиќ е лут што не може да игра.
„Разочаран сум што не можам да играм во моментов. На Милан добро му оди, а боли тоа што не можам да бидам дел од него. Сакам да помогнам и да придонесам да освоиме трофеј. Се бориме најдобро што можеме за да ја оствариме таа цел. Искрено, нема да се откажам од фудбалот додека не освојам некој трофеј со Милан. Сезонава постојат две опции, да ја освоиме Серија А или да го освоиме Купот (моментално се во полуфиналето)“, изјави Ибрахимовиќ.