Она што се претпоставуваше доби и официјална потврда. Вардар 1961 нема да патува за дуелот со Мешков Брест во рамките на Лигата на шампиони. Мечот со белорускиот состав кој требаше да се одигра на 2. март е откажан.
Од вчера меѓународниот олимписки комитет им порача на сите земји да не патуваат во Русија и Белорусија, двете земји кои се директно вклучени во случувањата во Украина.
Останува да видиме дали оваа средба ќе се одигра во блиска иднина или истата македонскиот првак ќе добие службено.