Касами: Струга ТЛ во Велес игра многу важен натпревар!

135

Денеска во 14 часот екипата на Струга ТЛ ќе му гостува на Борец, во натпревар од 21.коло во ПМФЛ. Во првите две пролетни кола стружани не успеаја да дојдат до триумф. Веројатно денеска си ја гледаат својата шанса.

Струга Трим Лум денеска во Велес игра многу важен натпревар. Како и секогаш ние сме максимално подготвени, а нашата цел како и секогаш е победа и освојување на трите бода. Јас верувам во квалитетите на Струга ТЛ, го почитуваме домаќинот, но се надевам дека ќе се вратиме во Струга со трите бода“ изјави Ард Касами, фудбалерот на Струга ТЛ.

ПретходноСнегот ја завеа Битола: Одложен мечот меѓу Пелистер и Ренова!
СледноСе појави лажна фотографија од фудбалерите на Динамо Киев – подготвени за војна (ФОТО)