Максимов: Многу важни три бода за Работнички

289

Мора да се признае дека тимот на Работнички денеска одигра на висината на задачата на Автокоманда во триумфот од 0:1 над Скопје. Се очекуваше тежок меч, каков што е и беше на калливиот терен, но гостите успеаа не само да го сочиваат својот гол, туку и да реализираат и да ги освојат сите три бода.

„Многу тежок меч, многу тежок терен. Кој се наиграч на Автокоманда, никој. Скопје е цврста екипа, игра свој тип на фудбал. Мораше да се прилагодиме и успеавме во тоа. Среќен сум за голот секако, ама посреќен што Работнички победи. Најважни за нас се трите бода, одиме да влеземе во позитивна серија, да собереме поени, да се искачиме на табелата. Многу важна победа за нас, ни беше потребно ова во моментов“ – изјави стрелецот на единствениот гол на овој меч Методиј Максимов, кој реагираше одлично на супер асистенцијата на Марио Станковски во последните моменти од првиот дел.

ПретходноМеси веднаш по мечот со Сент Етјен во опрема на ПСЖ допатува во Барселона! (ВИДЕО)
СледноСедлоски: Не смееме лесно да примаме голови