Синоќа ПСЖ во меч од Лига 1 успеа со 3:1 да го победи Сент – Етјен. Лео Меси само што заврши мечот, во опрема на ПСЖ летна со приватен авион и допатува во Барселона. А се знае и зошто. Причината е роденденот на неговата сопруга Антонела, која сакала во Барселона да се случи прославата која е закажана за денеска.
Рано утринава на аеродромот во Барселона екс – ѕвездата на каталонскиот гигант го дочекаа неколку новинари.