Најлоша измена – Влезе да брани пенали, не фати ниту еден од 11 обиди, плус промаши во решавачката серија

300

Кепа Аризабалага е трагичарот на Челзи во финалето на Лига купот на Ангпија. Шпанскиот голман беше во центарот на вниманието затоа што влезе во игра во финишот на второто продолжение за да брани пенали во пенал рулетот. Тухел мислеше дека Кепа подобро ќе се снајде во пеналите од Едуард Менди но на крајот се покажа како грешка.

Во пенал рулетот дури 11 играчи на Ливерпул шутираа и Кепа не фати ниту еден удар, а потоа дојде негов ред да шутира и тој ја испрати топката преку голот.

Трофејот замина во витрините на Ливерпул, Кепа уште еднаш е трагичар и сигурно ќе добие критики за ова. Фановите веќе почнаа да се шегуваат со разни фотографии и слики од тоа каде би можела да заврши топката по неговиот шут: во африканските џунгли, на месечината…

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Македонија има негатива против Грузија во Скопје
СледноИ официјално: Вардар нема да патува во Белорусија!