Невидена пенал драма, Ливерпул слави трофеј, Кепа трагичар за Челзи

166

Лудо финале во Лига купот на Англија на Вембли. Ливерпул го совлада Челзи на пенали и се закити со трофејот од Лига купот. Мечот заврши без голови, мрежите мируваа и по продолженијата по што се прејде кон изведување на пенали.

А таму вистински маратон. Двете екипи шутираа по 11 пенали (вкупно 22). Сите фудбалери шутнаа од белата точка и никој не погреши се до 11-тата серија. Голманот на Ливерпул Келехер погоди, а потоа Кепа промаши по што Ливерпул прослави победа со 11:10.

Интересно, Кепа влезе во игра во финишот за да брани пенали и не само што не фати ниту еден, туку го промаши и решавачкиот.

Претходно, во 67 минута на Ливерпул му беше поништен гол затоа што Матип бил во офсајд, а судијата поништи и гол на Лукаку за Челзи во првото продолжение од мечот.

За Ливерпул ова е рекорден деветти трофеј во Лига купот.

ПретходноСпас во последен час – Рома со гол од пенал во 99. минута ги однесе бодовите од Специја (видео)
СледноДвајца победници на ски скоковите во Лахти