Некогашниот селектор на Македонија води тешка битка со Ковид-19!

1370

Џон Тошак (72), славниот некогашен фудбалер на Ливерпул и некогашен селектор на нашата најдобра фудбалска репрезентација, води тешка битка со Ковид-19. Тошак во моментот е во болница во Барселона каде докторскиот тим жестоко се бори за неговиот живот.

Инаку Велшанецот беше селектор на Македонија од 2 септември 2011 до 29 мај 2012. На осум меча нашата репрезентација под негово водство успеа да победи само на еден.

Претходно“Новиот“ Челзи со ново соопштение!
СледноПелистер – Ренова се игра утре во Охрид од 14 часот!