Нов трипл-дабл, Јокиќ на пет чекори до историја, Ирвинг го уништи шампионот (ВИДЕО)

262

Кошаркарите на Денвер го совладаа Сакраменто со 115:110 и дојдоа до дојдоа до 35 победа оваа сезона, со која го чуваат петото место во Западната конференција. Во центарот на вниманието и овој пат беше Никола Јокоиќ. Србинот запиша уште еден трипл-дабл во својата кариера, дојде до бројката од 73 и се доближи до рекордот на Вил Чембрелн кој има пет повеќе.

Јокиќ не шутираше со висок процент, но беше најдобар кога беше најпотребно. При 110-110, го направи блок, на другата страна Морис постигна тројка, додека по одличната одбрана на Сабонис, ги реализираше двете слободни фрлања и го постави конечниот резултат.

На крајот зад своето име запиша 18 поени, 10 скока и 11 асистенции, прв стрелец беше Гордон кој имаше 23 поени и 9  скока, добра игра пружи Морис со 21 поен. Кај Сакраменто, Фокс имаше 26 поени.

Актуелниот првак Милвоки загуби дома од Бруклин со 123:126. Ирвинг беше незапирлив, постигна 38 поени, пет скока и исто толку асистенции. Зад него беше Кари со 19 поени. Кај Милвоки, Адетокумбо запиша 29 поени и 14 скока.

На останатите средби Атланта го совлада Торонто со 127:100, Чикаго беше поразен од Мемфис со 110-116, Кливленд го победи Вашингтон (92:86), Мајами го победи Сан Антонио со 133:129.

ПретходноПокетино ќе го обиде Манчестер Јунајтед, чека понуда од друг клуб
Следно„Полска не сака да игра со нас? Сите се плашат од Русија, фудбалот не е политика“