Олимписките прваци нема да патуваат во Русија!

1601

Француската одбојкарска репрезентација, инаку олимписки првак, нема да учествува на Светското првенство 2022 во Русија, објави тамошната федерација. Меѓународната федерација се уште се нема огласено на оваа тема, дали и натаму организатор ќе остане Русија или пак ќе мора да направи промени.

„Безбедноста на нашите сограѓани е наш приоритет и ќе направиме се што можеме да ја гарантираме за време на национални или меѓународни натпревари. Во овој контекст и во оваа фаза, Франција нема да учествува на Мундијалот доколку нејзината организација остане во Русија“, изјавија Французите.

Покрај ова, федерацијата одлучи да ги откаже сите патувања на француските тимови на мечевите од Европскиот куп кои би се одиграле во Украина и Русија.

Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во петокот ги повика меѓународните федерации да ги преселат или откажат натпреварите закажани во Русија и Белорусија, од каде дел од руските трупи ја нападнаа Украина, осудувајќи ги во соопштението „прекршувањето на олимпиското примирје“ од страна на Русија и Белорусија.

ПретходноРашо: Работнички го чека жесток дуел на Автокоманда!
Следно“Новиот“ Челзи со ново соопштение!