Пелистер – Ренова се игра утре во Охрид од 14 часот!

269

Поради снегот кој што ја завеа Битола, денешниот меч меѓу Пелистер и Ренова се одложи. Тоа се знаеше уште утринава. Ново е тоа што овој натпревар од 21.коло во ПМФЛ е презакажан за утре и тоа во Охрид со почеток од 14 часот. Има многу снег на теренот на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола па така нема шанси и до утре тој да биде расчистен од организиторот, од ФК Пелистер.

Токму затоа Охрид е идеално место каде што ќе се игра овој меч во текот на утрешниот ден.

ПретходноНекогашниот селектор на Македонија води тешка битка со Ковид-19!
СледноАлександар Петровиќ пред промоција на клупата на МЗТ Скопје