ПМФЛ: Шампионот „зариба“, Шкупи победнички, романтично е Скопје, мајсторија на Шабани!

1300

Завршија сите четири мечеви попладнево од 21.коло во ПМФЛ. Во дербито во Тетово екипите на Шкендија и А. Пандев одиграа без голови и тоа на радост на Шкупи. Шкендија притсикаше, но “пандевци“ одиграа навистина добро, имаа и свои шанси за победа. Добра игра на струмичани и освоен бод кај шампионот кој просто “зариба“ и не успеа да победи на овој многу значаен меч. Сега Шкендија е во минус од 10 бодови во однос на Шкупи.

Шкупи во голеадата на Чаир против Тиквеш, потешко од очекувањата, успеа да дојде до нова победа и тоа со 3:2. Освоени се големи три бода а одново одличен беше Адетунџи со два гола, стрелаше и Куевен, а за гостите погодија Стојков и Нгоба.

Работнички успеа да ја “освои“ Автокоманда и тоа со голот на Максимов во првиот дел. Триумф од 0:1 на оваа скопска пресметка по тешкиот терен.

Во Велес големи три бода за Струга ТЛ и тоа со мајсторскиот гол на Буњамин Шабани. Гостите беа подобри и заслужено победија.

Утре во Охрид играат Пелистер и Ренова, а вчера Македонија ЃП со 2:1 славеше над Брегалница.

No description available.

 

May be an image of 2 people, people playing sports and grass

РЕЗУЛТАТИ ЗА 21.КОЛО

ШКЕНДИЈА – А.ПАНДЕВ 0:0

ШКУПИ – ТИКВЕШ 3:2

(Куевен 41., Адетунџи (п) 57., 86./Стојков 77., Нгоба 88.)

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ 0:1

(/Максимов 45.)

БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ 0:1

(/Шабани 50.)

ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА (ПОНЕДЕЛНИК)

ВЧЕРА:

МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА 2:1

(Попзлатанов 36., Стојкоски 41.,/Џокиќ 53.)

ПретходноСтрумица немилосрдна, Борец победнички кај Лирија
Следно19-годишниот Пино му даде четири гола на Еспањол (ВИДЕО)