ПМФЛ: Шкендија VS А. Пандев – дерби за уживање,лидерот со Тиквеш, нова скопска пресметка…

171
Processed with VSCO with m5 preset

Денеска од 14 часот ќе се одиграат четири мечеви од 21.коло во ПМФЛ. Со оглед на снежните врнежи, засега одложен е мечот меѓу Пелистер и Ренова, сепак до 14 часот да видиме дали ќе се одложи уште некој натпревар.

Секако дека дербито се игра под Шара, каде шампионот Шкендија го дочекува супер – нападот на А.Пандев, во кого се Горгиев, Маронг, Ангелов и Митровски. Ова ќе биде битка за второто место на табелата, ова ќе биде дерби за фудбалско уживање.

Имаме добар старт во пролетниот дел. Два меча, две победи и две добри игри. Секако дека сакаме и денеска триумф, сакаме трета победа во серија. А. Пандев поседува квалитет, сепак ние одиме на триумф и нови три бода“ вели Клисман Цаке, дефанзивецот на Шкендија.

Лидерот Шкупи игра со Тиквеш на Чаир, и на овој меч нема да има гледачи на трибините поради казната.

“За нас секој меч е како финале. Не е тајна дека сакаме да ја продолжиме победничката серија, сакаме да станеме шампиони. Нема да биде лесно, сите наши ривали ќе се обидат да не спречат. Нема да биде лесно, но ние напорно работиме за на крајот да славиме титула“ потенцира Гаги Маргвелашливи, дефанзивецот на Шкупи.

На Автокоманда нова скопска пресметка, се среќаваат Скопје и Работнички.

Во Велес битка ќе бијат Борец и Струга ТЛ.

Вчера Македонија ЃП со 2:1 ја победи Брегалница која има катастрофален старт оваа пролет.

ДВОЈКИ ЗА 21. КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

ШКЕНДИЈА – А.ПАНДЕВ

БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ

ШКУПИ – ТИКВЕШ

ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА (ОДЛОЖЕН)

ВЧЕРА:

МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА 2:1

ПретходноГостивар се засили на плејмејкерската позиција!
СледноРашо: Работнички го чека жесток дуел на Автокоманда!