Александар Петровиќ денеска и официјално беше претставен како нов тренер на актуелниот македонски првак, МЗТ Скопје. Искусниот стратег доаѓа од тимот на Академија ФМП, тим кого успешно го водеше во претходната сезона и пол.
По неговото заминување тренерското место остана испразнето, а истото како што дознава ќе му биде доделено на Николче Божиновски. Станува збор за тренер кој беше асистент на Александар Петровиќ во ФМП. Тој ќе има помош од Нино Чачиќ, кој беше дел од јуниорскиот национален тим ова лето, а дел од тимот од Кисела Вода.
Академија ФМП се наоѓа на четвртото место на табелата зад Гостивар со 26 бода, еден помалку од актуелниот македонски првак, на добар пат е да се најде во Супер-лигата.
View this post on Instagram