ПОЛУВРЕМЕ: Македонија има негатива против Грузија во Скопје

191

Македонската кошаркарска репрезентација по првото полувреме на мечот со Грузија има негатива од 35-43. По една и пол добро одиграна четвртина, следеше пад на момците на Александар Јончевски и целосна доминација на противникот на теренот. Негативата не е голема, нашите момци имаат шанса да се поправат во вториот дел.

„Црвено-жолтите“ многу подобро го отворија реванш дуелот со Грузија од Тбилиси. Сликата од „Борис Трајковски“ е поинаква, дава надеж дека сепак можеме многу подобро во овие квалификации, но проблемите со ростерот кои не пратат се нашиот најголем непријател. Ненад Димитријевиќ е вистинско освежување на плејмејкерската позиција, тој по првиот дел е најефикасен со 16 поени, пет скока и шест изгубени топки.

За разлика од првиот меч Шермандини има само седум поени, дека Мек Фејден 13.

Нашите момци поведоа со 6-2, па со 10-5 по четири минути игра, предводени од Димитријевиќ, Вајли и Војдан Стојановски. Во овој дел одбраната функционираше подобро. Грузија притискаше, на крајот на првата и почетокот на втората четвртина со шест поени во низа дојде до првото водство од 21-22.

Дуелот влезе во изедначена битка, се држевме до средината на вториот период, по што Мек Фејден ја превзема одговорноста, со тројка го разбуди својот тим, па неговата репрезентација поведе со највисоки 31-41 (серија од 10-0) на минута и пол до полувремето. Димитријевиќ на полувремето намали на 35-43.

ПретходноДвајца победници на ски скоковите во Лахти
СледноНајлоша измена – Влезе да брани пенали, не фати ниту еден од 11 обиди, плус промаши во решавачката серија