Рашо: Работнички го чека жесток дуел на Автокоманда!

158

Тимот на Работнички денеска од 14 часот го чека скопска пресметка, и тоа на гостувањето кај Автокоманда. На хартија “романтичарите“ можеби се фаворити, но познато е дека тешко се освојуваат бодови на теренот на Скопје.

Момчило Рашо, интернационалецот од Ц. Гора и дефанзивец на Работнички, во пресрет на овој дуел има свој коментар.

Ова е многу важен меч за нас. Бодовите им се важни и на двете екипи, и на Работнички и на Скопје. Не се сомневам дека ова ќе биде жестока пресметка. Подготвени сме за надигрување и верувам дека ќе успееме да оствариме позитивен резултат“ изјави Рашо.

ПретходноПМФЛ: Шкендија VS А. Пандев – дерби за уживање,лидерот со Тиквеш, нова скопска пресметка…
СледноОлимписките прваци нема да патуваат во Русија!