Селекторот на Грузија со порака: Не е коректно во 2022 година да има војна!

358

Селекторот на грузиската репрезентација Илијас Зурос и неговите момци го заверија учеството во следната рунда во квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година. Во Скопје дојдоа до нова победа, одново убедлива против Македонија (65-79).

По мечот тој истакна дека и покрај отсуството на голем број кошаркари меѓу кои и Шенгелија, тие добро се подготвиле тактички за овој дел од квалификациите. Предводникот на Грузија испрати порака за ситуацијата меѓу Русија и Грузија. Гостите пред мечот во Скопје излегоа со украинско знаме и испратија поддршка до оваа земја.

„Честитки за мојот тим, ја исполнивме нашата цел се пласиравме во следната рунда, ја минавме нашата група, мора да се фокусираме за следната рунда. Ја посветуваме победата на навивачите во Грузија, правиме се за кошарката.

Кошарката не најважна во живтотот, не е коректно во 2022 година да има војна во светот“, рече Зурос. 

ПретходноГрузија за Македонија е класа, овој наш тим чека да “стаса“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЈончевски: Честитки до момците за борбеноста, ова не е најдобрата Македонија!