Со многу мака но успешно заврши за Рома мисијата во Специја. „Волчицата“ успеа да ја победи Специја во гости со 1:0 и тоа благодарение на удар од белата точка во седмата минута од судиското продолжение.
Специја од 45 минута играше со фудбалер помалку поради втор жолт картон на Амиан. А Рома и покрај иницијативата не успеваше да го скрши отпорот на противникот. Сепак, успеа да реализира во судиското продолжение.Карсдорп падна во противничкиот шеснаесетник во дуел со еден противнички играч, а судијата отиде да бара помош од ВАР. Оцени дека има услови за пенал и покажа на 11 метри. Тами Абрахам успешно го реализира.