Три измени во составот на Македонија за реваншот со Грузија

312

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва (20 часот) на домашен терен, во Арената „Борис Трајковски“ ја пречекува Грузија во реванш мечот од првата квалификациска фаза за место на Светското првенство 2023 година.

И за оваа средба ќе има промени во составот на „црвено-жолтите“. Македонија ќе биде посилна за Ненад Димитријевиќ и Андреј Магдевски, кои поради повреди не отпатуваа за Тбилиси, а во составот се приклучува Андреј Андоноски.

За пресметката со Грузија во Скопје отпаднаа Андреј Маслинко и Андреј Митревски, кој се повредија токму во Тбилиси. Во ростерот нема место за Павел Данаиловски, кој го имаше своето сениорско деби и ќе чека нова шанса во наредниот период.

На клупата на Македонија ќе го нема Драган Бајиќ, кој е позитивен на Ковид-19, па шанса одново ќе добие Александар Јончевски, кој вети подобра игра од првата средба и победа во овие квалификации.

По три одиграни меча, нашата репрезентација е единствена без победа во групата, беше празена од Шпанија дома, Украина и Грузија на гости.

ПретходноСе појави лажна фотографија од фудбалерите на Динамо Киев – подготвени за војна (ФОТО)
СледноПочина Мирослав Наумовски – Лав