Со трите бода против Тиквеш и ремито на Шкендија против А. Пандев, сега Шкупи летна на +10 бодови во однос на сеуште актуелниот шампион. Четата на Гоце Седлоски едноставно си “гази“ кон титулата. Сепак попладнево на Чаир не им беше нималку лесно против добриот Тиквеш, самиот резултат од 3:2 тоа го кажува. Сепак понекогаш и на вакви натпревари се гледа кој тим има шампионски шмек.
Не дека е готова битката за титулата, но на Чаир се лади шампањското.