Како и вчера, така и денеска. Победник на вториот слалом во Гармиш-Партенкирхен, Германија, е Норвежанецот Хенрик Кристоферсен. Возбудливата сезона на Светскиот куп во слаломски трки продолжи, па Кристоферсен стана првиот скијач кој постигнал две победи во слалом оваа сезона, а воедно и го презеде водството во трката за малиот кристален глобус.
Второто место му припадна на Британецот Рајдинг, додека третото го освои Линус Штрасер од Германија.
Интересен беше и исходот на трката, а звучи неверојатно тоа што сите тројца лидери излетаа од патеката во второто возење.