И официјално: Вардар нема да патува во Белорусија!

508

Она што се претпоставуваше доби и официјална потврда. Вардар 1961 нема да патува за дуелот со Мешков Брест во рамките на Лигата на шампиони. Мечот со белорускиот состав кој требаше да се одигра на 2. март е откажан.

Од вчера меѓународниот олимписки комитет им порача на сите земји да не патуваат во Русија и Белорусија, двете земји кои се директно вклучени во случувањата во Украина.

Останува да видиме дали оваа средба ќе се одигра во блиска иднина или истата македонскиот првак ќе добие службено.

ПретходноНајлоша измена – Влезе да брани пенали, не фати ниту еден од 11 обиди, плус промаши во решавачката серија
СледноФИФА одби да ја исклучи Русија од плеј-офот за СП