Наковски В. се реваншираше за минатонеделниот пораз во градското дерби

110

Во реприза на минатонеделното дерби во завршницата на првата фаза од одбојкарското првенство кај дамите, екипата на Наковски Волеј успеа да им се рењваншира на градските ривалки Струмица победувајќи ги со 3:1 (25:16, 25:19, 19:25, 25:21) во 1. коло од Втората фаза на шампионатот.

Во уште еден извонредно интересен дуел, Наковски Волеј успеа да покаже многу подобра игра од пред седум дена и уште во воведните два сета да ги потврди својот потенцијал и атак на трите бода. Струмица имаше желба да открадне макар бод, но не успеа во четвртиот сет да се избори за тај-брејк.

Лидерот на табелата и најголем фаворит за титулата оваа сезона, скопски Работнички, немаше посебни проблеми против актуелниот шампион Јанта Волеј КВ совладувајќи го во максимални три сета.

Во разигрувањето во Плеј-Аутот, нова победа за младите „вардарки“, додека Универзитет во Тетово се намачи да го совлада Фит Фан Волеј во Скопје дури по пет одиграни сета.

ПРВА ЛИГА (Ж) – Втора фаза (ПЛЕЈ-ОФ) – 1. Коло

Работнички – Јанта Волеј КВ    3:0 (25:9, 25:23, 25:15)

Наковски В. – Струмица          3:1 (25:16, 25:19, 19:25, 25:21)

ПРВА ЛИГА (Ж) – Втора фаза (ПЛЕЈ-АУТ) – 1. Коло

Пелистер В. – Вардар   1:3 (18:25, 15:25, 25:21, 18:25)

Фит Фан Волеј – Универзитет во Тетово     2:3 (18:25, 22:25, 25:18, 25:18, 12:15)

ПретходноМЗТ Скопје А. ПОТВРДИ: Петровиќ е нов тренер на „штрковите“
СледноПолувреме: „Пандевци“ се надигруваат со Шкендија во дербито, Шкупи води, води и Работнички!